28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина за прв пат од јануари нема регистрирани смртни случаи од...

Во Кина за прв пат од јануари нема регистрирани смртни случаи од корона

За прв пат од јануари, Кина забележа ден без смртни случаи од коронавирус.

Во последните 24 часа, во земјата има регистрирано само 32 нови случаи на Ковид-19, а во сите овие случаи заразени се луѓе кои доаѓаат од странство.

Забележани се 30 асимптоматски случаи.

Бројот на зразени без симптоми на коронавирус во Кина се зголеми во последните неколку дена, до тој степен што остануваат на сила рестриктивните мерки.

До крајот на неделата беа пријавени 74 вакви нови асимптоматски случаи, објави во понеделникот Националната здравствена комисија.

Откако Кина успешно се справи со заразата во провинцијата Хубеи и главниот град Вухан, самиот извор на глобалната пандемија, сега се соочува со увезени случаи.

Станува збор за кинески државјани кои претежно се враќаат од Европа и САД, а некои од нив се заразени иако немаат видливи симптоми на болеста, но можат да го пренесат вирусот.

Севкупно, во моментов има скоро 740 заразени лица под медицински надзор во Кина, кај кои нема симптими на вирусот.

Планирано беше на жителите на Вухан да им се даде дозвола за патување на 8 април, прв пат откако градот беше затворен во јануари, но поради претпазливосот овој рок ќе биде пролонгиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП