28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО: Лоша е идејата да се укинат сите рестрикции истовремено

СЗО: Лоша е идејата да се укинат сите рестрикции истовремено

Претставник на Светската здравтсвена организација рекол дека државите што планираат да ги прекинат своите мерки за изолација на населението треба да го прават тоа постепено.

Препораката од СЗО е тоа да се прави во фази, да не се укинуваат сите рестрикции истовремено.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, рекол дека мерките за изолација воведени во многу земји ги опфаќаат училиштата, работните места, социјалните групи на јавно место и собирањата во паркови.

„Најверојатно, би била лоша идејата да се укинат сите рестрикции истовремено“, рекол Рајан.

Тој додал дека државите не треба да излезат од изолација, а претходно да немаат план како ќе го задржат ширењето на болеста на ниво што може да се контролира.

„Изолацијата го намалува ширењето на болеста. Кога ќе се укине изолацијата, мора да имате алтернативни методи да ја спречите инфекцијата“, рекол Рајан.

Според него, државите треба да имаат воведени системи да детектираат случаи на заразата, да следат контакти, да ги стават во карантин случаите што се сомнителни и широко да го тестираат населението за оваа болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП