29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛе Мер: Франција очекува најголема рецесија од 1945 година

Ле Мер: Франција очекува најголема рецесија од 1945 година

Франција поради коронавирусот оваа година ќе има најголема рецесија од крајот на Втората светска војна, истакна министерот за економија Бруно Ле Мер.

„Најлошиот раст кој Франција го забележа од 1945 година беше -2,2 проценти во 2009 година по големата финансиска криза од 2008 година. Оваа година, најверојатно, ќе бидеме многу подалеку од -2,2 проценти“, изјави министерот пред Комисијата за економски прашања во Сенатот.

Министерот укажа дека многу сектори се целосно затворени поради изолацијата која е воведена во обид да се спречи ширењето на епидемијата од коронавирус.

Француската влада со ребаланс на буџетот кон средината на март предвиде рецесија од еден процент за оваа година, но Бруно Ле Мер неколку дена подоцна процени дека падот на економската активност ќе биде многу поголем.

Според проценките еден месец изолација би ја чинело Франција околу три проценти од БДП, а два месеци шест проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП