27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на BMW падна за повеќе од 20 проценти

Продажбата на BMW падна за повеќе од 20 проценти

Од јануари до крајот на март, германскиот производител на автомобили BMW продал 20,6 проценти помалку автомобили.

Пандемијата на коронавирусот доведе до паѓање на продажбата во Кина во февруари, а во март и во Европа и САД, соопшти компанијата.

Во Европа, поради коронавирусот околу 80 проценти од сите продавачи на автомобили се затворени, а во САД тоа е на 70 проценти, потсетуваат од BMW.

Во фабриките во Европа и Северна Америка производството престана, а концернот го прилагодува нивото на производство за флексибилна побарувачка, изјави директорот за финансии и продажба Питер Нота.

Во Кина, на основа на големи нарачки ги гледаме првите знаци на закрепнување, додаде тој, истакнувајќи дека пред сè важно е да се обезбеди здравјето на вработените, ликвидноста и долгорочниот успех на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП