26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ е во опасност од преоптоварување

ЕЦБ е во опасност од преоптоварување

ecb4

Европската централна банка (ЕЦБ) ризикува, со превземање на нова и голема задача за банкарска супервизија, да биде оптеретена.

„Еврозоната е формирана со малку институции кои всуштност се способни да дејствуваат, и сега ја плаќаме цената за тоа. Ни се доделуваат дополнителни задачи, што не би го нарекол политизација на централните банки, туку потенционално преоптеретување“, изјави член на Управниот одбор на оваа институција, Питер Прат.

Од почетокот на должничката криза во еврозоната, на ЕЦБ се гледа како на единствена институција која е во состојба да делува доволно брзо за да се згасне кризата.

Од втората половина во наредната година, ЕЦБ ќе ја превземе и обврската за супервизија на банкарскиот сектор во цела еврозона.

„Тоа е голем предизвик“, порача Прат и додаде дека тој се залага за отварање на дискусии во внатрешноста на ЕЦБ и за објавување на записник од состаноците на оваа институција, како што тоа го прави американската банка „ФЕД“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП