Унгарската влада најави нов данок за мултинационалните трговски ланци и банки. Целта на оваа мерка е зголемување на буџетските приходи заради борбата против пандемијата од коронавирусот.
Имено, трговските ланци ќе мора да платат вкупно 106 милиони долари нов данок, а банките 162 милиони.
Општинскиот данок на возила во износ од вкупно 100 милиони долари, кој инаку и се плаќа, поради здравствени потреби ќе биде насочен во централниот буџет.
Политичките партии од државниот буџет ќе добијат половина пари од вообичаеното, со што ќе заштедат 3,5 милиони долари.
Вработените во здравството на почетокот на летото ќе добијат бонус од околу 1.500 долари.
На почетокот на следната недела ќе бидат објавени мерките за помош на економијата, проценети на околу 20 БДП на Унгарија.