29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосна забрана за движење во Куманово

Целосна забрана за движење во Куманово

Од синоќа од 21 часот во Куманово е воведена забрана и посебен режим на движење на населението. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници.

Полицискиот час ќе заврши во 5 часот наутро в понеделник. Во работните денови, од понеделник до петок, во Куманово забраната ќе важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП