20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно со повремени врнежи од дожд

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 со 6, а дневната од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени.

И во недела ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП