21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА40 граѓани од Македонија заглавени во Дубаи

40 граѓани од Македонија заглавени во Дубаи

Група од 40 граѓани од земјава во овој период на пандемија со недели се заглавени во Дубаи. Герупата стапи во контакт со редакцијата на Денар кои преку скајп ни ја раскажаа својата мака. Групата од Македонија работела во туристички комплекси во Дубаи повеќе години. Но како почна ситуацијата со Ковид 19 да се проблематизира се повеќе и повеќе, тие решиле да се вратат во татковината. Аеродромите во Македонија се уште не биле затворени и навремено купиле карта, но сето тоа било залудно, вели една граѓанка од Македонија која замоли да остане анонимна.

„Немавме никаква информација дека аеродромот во Скопје ќе биде затворен. Не само јас, туку сите колеги кои сме сега тука во Дубаи заглавени, извадивме авионски карти за враќање дома. Но ден пред да бидеме во авионот, од Македонската Влада преку интернет видовме дека аеродромите во Македонија ќе бидат затворени. Картите ни пропаднаа па решивме помош да побараме од нашата амбасада која се наоѓа во Абу Даби. Од таму ни дадоа да пополниме прашалник кој е според правилата на министерството за надворешни работи на Северна Македонија. Сите прифативме кога ќе сгигнеме во Македонија да бидеме во карантин. Потоа ни се јавија да купиме карти преку Бугарија, но и тие карти ни пропаднаа бидејќи властите во Дубаи решија да го затворат нивниот аеродром. Вчера ни се јавија повторно од амбасадата во Абу Даби да купиме нови карти преку бугарска авио компанија која ќе не чини нови 450 евра, а имаме и околу 20-тина евра трошоци и за автобуски превоз од Софија. Пропаднатите авио билети по човек не чинат 700 евра, но сакаме само да се вратиме дома и да ги запазиме процедурите за карантин. Најважно е дека сите се чувствуваме добро. “

Од амбасадата им соопштиле дека кој нема да купи повторно авионска карта нема да влезе во авионот. Последниве неколку недели тие се снаоѓаат како знаат и умеат. Дел се сместени кај нивни пријатели и поранешни колеги, а има и дел што плаќаат сместување. Хуманитарниот лет им е закажан на 10-ти овој месец.

Само пред неколку дена граѓани од земјава обвинуваа за тотален хаос при транспортирање на македонци од Германија. Граѓаните се пожалија на слаба организираност од страна властите при транспортирањето со хуманитарните летови. Имено, на аеродромот во Келн Грманија биле повикани 200 граѓани кои сакале да се вратат, но авионот имал само 180 седишта. Пострашно е што на аеродромот биле повикани и Македонци кои биле вклучени за овие хуманитарни летови во официјална вибер група. Групата била направена од Владата, а во вибер групата имало 350 лица. 40 граѓани од Македонија останаа на аеродромот и не знаеа што понатаму. Дел беа и од други подалечни градови.

Вчера од Министерството за надворешни работи информира дека преку организиран лет на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин, Келн и Бон, се вратија во земјава. Сега бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денеска изнесува 2.200 граѓани. Истите, се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП