Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

Време: 13:57

Датум: април 3, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Автомобилите во Европската Унија емитуваат околу 12 проценти од вкупната емисија на јаглерод диоксид. Од 2009 година ЕУ регулативата поставува задолжителни таргети за намалување на емисијата на CO2 од нови возила. Првиот таргет стапи на сила во 2015 година. Построги таргети ќе бидат воведени од 2021 година.

На 17 април 2019 година Европскиот парламент и Советот на Европа ја донесоа ЕУ регулативата 2019/631 со која се поставуваат стандарди за емисија на CO2 од нови патнички возила и нови лесни комерцијални возила – комбиња во Европската Унија  за периодот по 2020 година. Новата регулатива стапи на сила на 1 јануари 2020 година.

Од 2015 година на сила е таргет од 130 грама од CO2 на еден километар просечна емисија од нови патнички возила на ниво на Европската Унија. За остварување на овој таргет новите возила би требало да имаат потрошувачка на гориво од околу 5,6 литри на 100 километри за бензинските и 4,9 литри на 100 километри за дизел-возилата.

Ваквиот таргет на ниво на Европската Унија беше остварен во 2013 година, две години пред планираното.

Според податоците на Европската агенција за животна средина просечното ниво на емисија на новите возила регистрирани во 2018 година во Европската Унија  изнесува 120,4 грама на еден километар. Тоа е намалување од 14,2 процента во однос на 2010 година, кога просечната емисија на гасови од возилата е околу 140 грама на еден километар.

Од 2021 година таргетот на просечна емисија на ниво на Европската Унија  ќе биде 95 грама CO2 на еден километар. Ова ниво на емисија на CO2 е еднакво на потрошувачка на гориво од околу 4,1 литар на 100 километри за бензински и 3,6 литри на 100 километри за дизел-возила.

Во согласност со регулативата производителите на возила ќе имаат специфични таргети за емисија на CO2 што ќе бидат врзани со просечната тежина на возилата. Така, производителите на потешки возила ќе имаат повисок таргет на емисија на CO2 од производителите на полесни возила.

Новиот таргет ќе стапи на сила од 2021 година за сите новорегистрирани возила, но на производителите ќе им биде дадено време да се приспособат па во 2020 година новиот таргет на емисија на CO2 ќе важи само за 95 проценти од продадените возила од тој производител. Доколку производителите ги надминат таргетите поставени за дадената година ќе плаќаат пенали за секој надминат грам CO2, за секој нов регистриран автомобил.

Со цел поттикнување на повеќе еколошки иновации кај производителите на возила воведен е таканаречен систем на кредити каде компаниите ќе добиваат „кредити“ за секој нов модел со 0 или ниска емисија на штетни гасови до 50 грама CO2 на еден километар што ќе го претстават на пазарот. Потоа, овие кредити производителите ќе ги трошат за ослободување од плаќање на пенали за постарите модели на возила кои ги продаваат, а имаат емисија поголема од поставениот таргет од 95 гр/км. Ова ќе важи за периодот од 2020 до 2022 година, а максималниот износ на кредити што еден производител може да го добие е 7,5 гр/км за период од три години.

 

                                                                                     Редакција МАКПЕТРОЛ ИНФО-ПОИНТ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

    ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

    ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод…

  • Како до дополнителна заработка од дома во услови на намалена вработеност?

    Како до дополнителна заработка од дома во услови на намалена вработеност?

    Вклучете се во Lyconet мрежата и заработувајте брзо и лесно од удобноста на вашиот дом Моменталната ситуација со пандемијата и порастот на невработеноста, дополнително ги…

  • Mobile – Ново постпејд портфолио на Македонски Телеком

    Mobile – Ново постпејд портфолио на Македонски Телеком

    15 GB мобилен интернет и дополнителни придобивки по избор секој месец Во овие времиња, многу работи се променија, а многумина препознаа можност да научат нешто…

  • Nestle во Кина инвестира 102 милиони долари во производство на вегетаријанска храна

    Nestle во Кина инвестира 102 милиони долари во производство на вегетаријанска храна

    Швајцарски Nestle договори соработува со економскo-технолошката развојна зона Тијанџин (TEDA) за изградба на фабрика со годишен капацитет на производство од 8 илјади тони. Првата фабрика на…

  • Акциите на Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди

    Акциите на Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди

    Вредноста на акциите на американските технолошки компании Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди. Акциите на Amazon пораснаа за два проценти откако технолошкиот гигант повторно ги…

  • Приходите на Xiaomi во првиот квартал пораснале за 13,6 проценти

    Приходите на Xiaomi во првиот квартал пораснале за 13,6 проценти

    Пандемијата од COVID-19 не влијаеше негативно на приходите на кинеските технолошки компании, па така и Xiaomi забележа раст на приходите кој се искачи на 7…

  • „Глобал фајнанс“ ја прогласи „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава за 2020

    „Глобал фајнанс“ ја прогласи „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава за 2020

    Светскиот финансиски магазин „Глобал фајнанс“, петта година по ред, ја прогласува „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава. Имено, публикацијата, издадена од Светската Банка, 27-ми…

  • Канадска авиокомпанија отпушта 20.000 работници

    Канадска авиокомпанија отпушта 20.000 работници

    Од најголемата канадска авиокомпанија велат дека поради болеста COVID-19, бројот на летови е намален за 95 проценти и дека не очекуваат скоро нормализација на работењето.…

  • Аплицирај.мк – Аплицирај за работата која ја посакуваш!

    Аплицирај.мк – Аплицирај за работата која ја посакуваш!

    Аплицирај.мк со онлајн локација www.apliciraj.mk претставува нова иновативна платформа коjа ги споjува сите кои бараат работа, пракса, надоградување на своите вештини и знаење со сите…

  • Авио-гигант отпушта дури 30.000 вработени?

    Авио-гигант отпушта дури 30.000 вработени?

    Еден од светските гиганти во воздушниот сообраќај, Emirates, размислува за отпуштање дури 30.000 луѓе. Најголемиот светски превозник на долги летови би можел да го намали…