Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,950.00 -0.46%    GRNT 975.00 0%    KMB 5,849.74 -0.11%    STB 1,057.78 0.62%    TNB 16,700.00 2.45%    

Не мора да се видиме за да испиеме кафе заедно

Време: 10:35

Датум: април 3, 2020

Категорија: ЗДРАВЈЕ

На нас останува да најдеме начин да бидеме блиски и безбедни, без притоа да се откажеме од омилените активности, како што е пиење на омиленото свежо мелено кафе.

Огромна е нашата желба секојдневно да бидеме во контакт со други луѓе, да се дружиме, да поминуваме квалитетно време заедно и да ги споделуваме важните моменти од нашиот живот. Тоа има смисла, со оглед на фактот дека луѓето се пред се’ социјални суштества. Меѓутоа, понекогаш во животот се случуваат работи кои не’ оневозможуваат да поминуваме време со луѓето кои ги сакаме. Сепак, дури ни во тие ситуации нашиот социјален живот не би смеел да „трпи“. Посебно не смееме да ги заборавиме оние мали, толку драги ритуали, кои ни го прават секојдневието поубаво.

Една од тие слатки навики е пиењето на кафе, кое без разлика дали трае пет минути или со часови, секогаш наоѓа начин да не’ опушти, да не’ зближи и да ни даде енергија.

Првото прашање кое го слушаме кога одиме на гости е „Дали сте за едно кафе?“. Кога планираме да направиме пауза од работа, состанок со симпатијата, излегување со пријателите, прашуваме „Кога ќе одиме на кафе?“. Кафето е повод за контакт, секогаш тука да започне разговор, да открие тајни, да соопшти вистина и да ни помогне да споделиме безброј искуства.

Во согласност со новонастанатата ситуација и одговорноста која ја имаме према себе и другите, веруваме дека овој период кафето го пиете во удобноста на својот дом. Дури ни тогаш не мора да се откажеме од оние најслатки „заеднички“ моменти, бидејќи постои начин да стапиме во контакт со сите со кои сакаме да споделиме значајни искуства и да размениме збор или два, придружени со кафе, се разбира. Каква врска има дали некој е на метар од нас или е оддалечен илјадници километри? Можеби тој некој е секогаш тука за нас, во нашите мисли, во срцето, во соседниот стан, преку улица или пак оддалечен којзнае колку, но „поврзан“ со нас преку интернет.

Баш сега кога сите сме дома, важно е да ја продолжиме оваа традиција на „кафе-муабет“ на малку поинаков начин, бидејќи таа е врежана длабоко во секој еден од нас.

Видео-повик резервиран за кафе

Како што обично по завршувањето со работа одевте да пиете кафе во омиленото кафуле, сега овој неизоставен дневен ритуал направете го со вашето друштво преку камера. Неколку минути пред договорениот видео-повик сварете шолја топло кафе, седнете во добро осветлен агол за да изгледате добро пред камерата, напијте се голтка и уживајте во неодоливата арома додека чекате да се вклучат вашите соговорници. Свежо меленото кафе, отсекогаш и засекогаш, потсетува на дружење и иницира контакти – во секој момент и насекаде.

Фиксниот телефон се враќа во мода

Дали се сеќавате на ерата пред мобилните телефони, кога нетрпеливо чекавте покрај фиксниот телефон и чекавте нечиј повик, стравувајќи се дека вашите родители ќе ја кренат слушалката пред вас и оној кој се јавува ќе спушти од срам? Или онојпат кога се радувавте дека роднините ќе ви се јават да ви честитаат роденден, да ви посакаат успешен крај на учебната година или да ви кажат колку се горди на вас што ја добивте работата која ја сакавте отсекогаш? Можеби сега е вистинскиот момент вие да им се јавите на нив, бидејќи тие сигурно ќе ја кренат слушалката. Започнете го разговорот со „Може ли да се напиеме кафе заедно?“, со што ќе ги расположите додека го пиете кафето „преку жица“, истовремено имајќи чувство како да сте во истата просторија која кафето ја исполнува со својот неодолив мирис.

Кафе на тераса

Ја имате таа среќа терасата да ви гледа кон вашите соседи со кои во викендите често правевте скара, игравте друштвени игри и пиевте кафе за заедно да го сумирате денот? И понатаму ја имате таа среќа, бидејќи додека сте дома, кафето на тераса може да изгледа како кафе во друштво, бидејќи пролетта пристигна и времето затоплува. Намамете ги соседите да излезат на тераса, така што ќе сварите кафе чиј богат мирис ќе најде пат до нивните носеви и веднаш ќе ги потсети на дружењето со вас. Овој пат на различни тераси, но сепак доволно близу за да ги продолжите непресушните разговори.

Во овој период е важно да останеме во контакт со најблиските и затоа мора да бидеме креативни и постојано да наоѓаме начини како да одржуваме редовен контакт. Онлајн, на далечина и дружење „преку жица“ се само неколку предлози за како да го направиме тоа. Додека ги имаме омилените ритуали и драгите луѓе, оптимизмот и полната шолја топло свежо мелено кафе – знаеме дека не сме сами и дека некој секогаш мисли на нас.

Затоа, не треба да заборавиме – не мора да се видиме за да испиеме кафе заедно!

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Негувајте ја кожата природно: Ова слатко овошје ќе го препороди вашето лице

    Негувајте ја кожата природно: Ова слатко овошје ќе го препороди вашето лице

    Тифани Либи, дерматолог, вели дека лубениците со векови се користат во азиските култури, поради нивните својства за да се спречат разни воспаленија. Тие го намалуваат…

  • Дознајте зошто не се препорачува перење на долна облека на ниски температури

    Дознајте зошто не се препорачува перење на долна облека на ниски температури

    Иако многумина перат алишта на пониски температури, поради економичност и страв од уништување на чувствителните парчиња на високи температури, експертите велат дека би требало да…

  • Супер храна која прави чуда за организмот: Овие три моќни намирници треба секој ден да се јадат!

    Супер храна која прави чуда за организмот: Овие три моќни намирници треба секој ден да се јадат!

    Откријте кои намирници и пијалоци треба да ги вклучувате во своето мени секој ден. Зелен чај Добро се познати придобивките кои ги носи овој пијалок.…

  • EUCERIN DermatoCLEAN – Нежно го чистат лицето, ја хидрираат кожата и обезбедуваат висок капацитет на хијалуронска киселина

    EUCERIN DermatoCLEAN – Нежно го чистат лицето, ја хидрираат кожата и обезбедуваат висок капацитет на хијалуронска киселина

    Тешко дека може да се најде друг начин што ни дава чувство на свежина и опуштеност, како што е длабокото вдишување на чист воздух.  Колку…

  • Франција забрани употреба на хидрохлорокин против COVID-19

    Франција забрани употреба на хидрохлорокин против COVID-19

    Владата на Франција вчера ја поништи уредбата со која им беше дозволено на болниците да користат хидрохлорокин при лечење на пациенти заболени од потешки форми…

  • Зошто појадокот е важен за здраво срце

    Зошто појадокот е важен за здраво срце

    Резултатите од едно американско истражување покажуваат дека лицата кои не појадуваат имаат 27 отсто поголем ризик од срцеви заболувања и дека подеднакво е важно кога и што…

  • Се откажаа од лечење до крајот на мај: “Нема промени во нашата политика за брзо одобрување на лекот”

    Се откажаа од лечење до крајот на мај: “Нема промени во нашата политика за брзо одобрување на лекот”

    Јапонската влада се откажа од одобрувањето на лекот Avigan за лечење на вирусот COVID-19, изјави министерот за здравство, Катсунобу Като. Тестирањето на антивирусниот лек Avigan на Fujifilm…

  • Дали топлото време ќе го запре коронавирусот?

    Дали топлото време ќе го запре коронавирусот?

    Неколку статистички студии спроведени во последните месеци покажаа поврзаност помеѓу климата и коронавирусот – колку е повлажнo и потоплo, толку е помала веројатноста за ширење…

  • Русите ќе тестираат вакцина за COVID-19 кон крајот на јули

    Русите ќе тестираат вакцина за COVID-19 кон крајот на јули

    Компанијата „Biokad“ ќе ги започне клиничките испитувања на вакцината против новиот коронавирус во Санкт Петербург кон крајот на јули, соопшти прес службата на таа руска…

  • Русија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

    Русија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

    Вакцината за коронавирус може да биде регистрирана во Русија во август, најави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александер Гунцбург. „Верувам дека…