20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГо зајакнува имунитетот: Расте побарувачката за ѓумбир

Го зајакнува имунитетот: Расте побарувачката за ѓумбир

Продавачите во Русија забележале зголемена побарувачка за ѓумбир поради пандемијата од коронавирус, соопштија претставници на трговската група Х5 и ланецот на супермаркети Magnit.

„Забележуваме зголемена побарувачка за ѓумбир бидејќи клиентите сакаат да се заштитат себе од инфекции со зајакнување на својот имунолошки систем“, изјави портпаролот на компанијата Magnit.

Претставниците на групата X5 велат дека компанијата се обидува да го договори увозот на ѓумбир од нови земји затоа што епидемиолошката состојба е неповолна во земјите од каде традиционално се увезува таа намирница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП