2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција подготвена да ги национализира стратешките компании

Франција подготвена да ги национализира стратешките компании

Франција ќе ги национализира стратешките компании, доколку е потребно, за да ги заштити од последиците од коронакризата, изјави денеска министерот за економија Бруно Ле Маир.

Ле Маир изјави дека му испратил на претседателот Емануел Макрон список на „стратешки компании кои на пазарот би можеле да се најдат во опасност“.

„Ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите расположиви средства за да ги заштитиме тие компании, дали со зголемување на сопственоста на француската држава, дали со докапитализација, дали со крајната опција – национализација“, изјави Ле Маир.

Не предлагам економијата да ја води државата, истакна министерот.

„Доколку се појави потреба за национализација, таа ќе биде привремена. Но, државата е одговорна за заштита на водечките индустриски компании“, објасни Ле Маир.

На 17 март, Франција воведе строги мерки на изолација за да го ограничи ширењето на коронавирусот. Експертите проценуваат дека мерките најверојатно ќе останат во сила до крајот на април.

Бирото за статистика INSEE минатата недела извести дека економската активност е 35 проценти под вообичаените нивоа. Проценува дека секој месец од блокадата стои економијата околу три проценти од годишниот бруто домашен производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП