4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција очекува нормализација на воздушниот сообраќај до крајот на јуни

Турција очекува нормализација на воздушниот сообраќај до крајот на јуни

Турскиот министер за туризам, Мехмет Нури Ерсој изјави дека очекува нормализирање на воздушниот сообраќај до крајот на јуни.

Причината за овие прогнози е што авиокомпаниите ги откажаа повеќето летови поради епидемијата коронавирус.

Ерсој за телевизијата CNN Turk изјави дека прво ќе оживее, најверојатно воздушниот сообраќај од Азија.

Потоа, како што вели, ќе следуваат летови од Русија, балканските земји и Европа. Домашниот воздушен сообраќај исто така би можел да биде обновен, додаде тој, објави Reuters.

Компанијата Turkish Airlines ја продолжи суспензијата на летовите до 1 мај, освен на неколку локални релации, а Pegasus Airlines ги прекина сите летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП