26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија работи на конкретизација на предлогот "коронаобврзници" со ЕУ

Италија работи на конкретизација на предлогот “коронаобврзници” со ЕУ

Италија работи на конкретизација на предлогот за заеднички обврзници со ЕУ, т.н. коронаобврзници, за да се помогне во неутрализирање на економското влијание на пандемијата коронавирус, изјави вчера министерот за економија Роберто Гвалтиери.

Гвалтиери го поздрави „предлогот на Европската комисија за издавање на заеднички обврзници за поддршка на програмите за субвениции за невработеност во земјите членки“, за време на кризата, објави агенцијата Ansa.

Министерот изјави дека тоа е „иновација која Италија ја поддржува веќе некое време“, опишувајќи ја како еден од “првите чекори” во одговорот на ЕУ на кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП