19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа релативно брзо ќе се опорави од кризата

Европа релативно брзо ќе се опорави од кризата

После сериозниот економски пад предизвикан од пандемијата коронавирус, ќе следи закрепнување, a ќе бидат потребни околу две години да се врати бруто домашниот производ на Велика Британија и еврозоната на ниво пред кризата, сметаат економистите од Berenberg.

„После остриот пад ќе следи бавен раст на економијата, така што на крајот БДП ќе го надмине нивото пред кризата“, велат економистите од Berenberg, Холгер Шмидинг и Калум Пикеринг, објави CNBC.

Во вториот квартал од оваа година ќе дојде до пад на економијата од околу 10 проценти.

Kога пандемијата ќе биде доволно под контрола и кога ќе можат да се ублажат мерките за ограничување на движењето, економиите ќе започнат да закрепнуваат, велат економистите.

Деталите ќе се разликуваат од земја до земја, во зависност од прописите, здравствената ситуација и трендовите на понуда и побарувачка.

– Генерално, очекуваме дека БДП ќе го надмине нивото од крајот на 2019 година отприлика за две години – велат економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП