27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија бележи солидни економски резултати

Австрија бележи солидни економски резултати

avs1

Бруто домашниот производ (БДП) на Австрија минатата година изнесуваше околу 307 милијарди евра, што одговара на вредноста од 36,430 евра по глава на жител.

Економијата на Австрија во 2012 година се заголеми за реални 0,9 проценти, што е малку повеќе од претходните проценки.

И покрај лошите економски околности, Австрија според висината на БДП во 2012 година, беше над просекот во Европа.

Имено, во ЕУ минатата година е забележан пад на економијата за 0,4 проценти, а во еврозоната за 0,6 проценти.

Австрискиот производен сектор минатата година се зголеми за 1,9 проценти, а услужниот сектор за 0,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП