28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Саудиската нафта на никој не му е потребна"

“Саудиската нафта на никој не му е потребна”

Саудиска Арабија како дел од нафтената војна против Русија го зголеми производството на црното злато.

Сепак, поради ниската побарувачка на светскиот пазар, нема на кој да му ја продаде, пренесува Wall Street Journal, повикувајќи се на неименуван извор.

Договорот ОПЕК + за намалување на производството на нафта прeстана денес и официјално да важи. Ријад, како што и вети, го зголеми производството до 12 милиони барели на ден. Тоа е за 2 милиони повеќе, отколку пред неколку месеци.

За да има можност да го зголеми производството, Саудиска Арабија изнајми повеќе танкери со нафта. Некои од нив денес ги напуштија пристаништата во Персискиот Залив, но без одредена цел. Според изворот на американскиот весник, тоа говори дека Саудиска Арабија не успеала да најде купувачи за вишокот барели.

Меѓутоа, Русија без оглед на официјалното раскинување на договорот, засега нема намера да го зголеми производството, објави Bloomberg, повикувајќи се на руски службеник. Тој објасни дека во време кога нема побарувачка за суровини, нема смисла ни за зголемување на производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП