3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРецесија им се заканува на сите земји во централна, јужна и источна...

Рецесија им се заканува на сите земји во централна, јужна и источна Европа

Виенскиот институт за економија, во анализата за економските последици од коронавирусот, наведува дека на сите земји од централна, јужна и источна Европа им се заканува рецесија.

Во анализата се нагласува дека веќе се видливи значителни негативни последици, дека многу валути се ослабени и дека паѓа довербата на потрошувачите и претпријатијата.

WIIW посочува дека повеќето централни банки во регионот веќе најавија јасна реакција. Клучот за ублажување на падот е во фискалната политика, се нагласува во анализата.

Повеќето, т.е сите земји во регионот според прогнозите на виенскиот меѓународен институт оваа година ќе доживеат длабока рецесија. Меѓутоа, експертите на WIIW остануваат оптимисти дека во втората половина на 2021 година ќе дојде до значително закрепнување.

Според анализата, земјите со поголем фискален простор за стимулирање на своите економии и ефикасен здравствен систем ќе бидат во состојба подобро да го совладаат неизбежниот економски пад. Во врска со ова, посебно се споменуваат земјите кои во 2004 година пристапиле во ЕУ, балтичките земји, Чешка, Словачка, Словенија.

Инаку, веќе во пролетната прогноза WIIW истакна дека 2020 година ќе биде најлоша година по економијата во регионот од 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП