25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема докази дека коронавирусот се пренесува преку прехранбени производи

Нема докази дека коронавирусот се пренесува преку прехранбени производи

Моментално нема докази дека коронавирусот се пренесува преку прехранбени производи. Најголем ризик, кога станува збор за Ковид-19 и намирниците е гужвата од други луѓе додека се наоѓате во продавница, вели микробиологот и експерт за безбедност на храната на американскиот универзитет „Ругерс“, Доналд Шафнер, пишува „Сајанс Алерт“.

На прашањето дали треба купените производи да се чуваат 3 дена во гаражата или пред куќата, Шафнер вели дека тоа би можело да влијае на безбедноста на храната.

„Предлогот звучи како рецепт за катастрофа или во најмала рака, расипана храна“, додава Шафнер.

Досега знаеме дека вирусот полека се инактивира на собна температура, со краток полуживот од околу 8 часа, но во овој случај се претпоставува дека сите намирници се контаминирани и дека ќе се заразите уште со самиот допир. Но, според Шафнер, ниту едно од овие две, не е точно.

Според него, ако се плашиме дека амбалажата на производот е контаминирана, да ги измиеме рацете или да ги дезинфицираме пред почеток на конзумирање на која било храна што ќе ја извадиме од кутија или ќеса.

„И погодете што – миењето раце пред јадење е најдобрата пракса и кога не владее пандемија!“, порачува тој.

Микробиологот советува да не се користи сапун за миење храна, бидејќи не е наменет за тоа.

„Ако се голтне, сапунот може да предизвика мачнина, повраќање и дијареа“, објаснува Шафнер.

Исто така препорачува конзумирање на свежо овошје и зеленчук, но претходно добро да се измие во ладна вода. Ако се пазари во торба за повеќекратна употреба, Шафнер нагласува дека истата треба редовно да се пере. Сепак, како што вели тој, најголема закана со која се соочува секој во продавница е лице заразено со Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП