24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика продолжува да увезува руска нафта

Америка продолжува да увезува руска нафта

Во јануари, Русија се најде на третото место по извозот на нафта и нафтени деривати во Соединетите Држави со 601.000 барели дневно, наведува американското Министерство за енергетика.

Најголем извозник на нафта во САД е Канада со 4,555 милиони барели дневно. Второто место му припадна на Мексико со 854.000 барели дневно.

Интересно е дека Русија ја престигна Саудиска Арабија, која го зазеде четвртото место на листата на извозници со 407.000 барели дневно.

Најголемиот дел од руските испораки во САД се нафтените деривати, додека извозот на нафта изнесува само 95.000 барели дневно. По тој показател таа го зазеде само 7-то место.

Извозот на руска нафта и нафтени деривати во САД пораснал за 87 проценти, додека извозот на самата нафта паднал за 10,4 проценти.

САД во јануари увезле 6,4 милиони барели нафта дневно, што е за 422,000 барели помалку отколку во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП