7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛада комплетно ќе се менува!

Лада комплетно ќе се менува!

ladanapred

Рускиот автомобилски бренд Лада е познат по многу карактеристики, но атрактивниот дизајн не е високо на листата на приоритети на овој производител.

Сепак ова би требало наскоро да се промени, а тоа го потврди главниот дизајнер на „AutoVAZ“, Стив Мартин.

ladapozadi

48-годишниот Англичанец кој е поранешен дизајнер во Мерцедес и Волво се надева дека ќе го промени работењето на рускиот производител и тоа на сличен начин како што тоа го стори Питер Шрејер во Киа.

„Следува интезивна модернизација и воведување на комплетно нов дизајнерски јазик и „DNK“ со што ќе се промени имиџот на брендот“, изјави Мартин, нагласувајќи дека Русите сепак сакаат робусни автомобили и дека оваа карактеристика мора да се вметне и во идните модели.

ladavnatre

Првиот модел со „новата DNK“ би требало да пристигне во облик на корсовер/СУВ и тоа во 2016-та година, а очекуваме да биде сличен на концептот „X-Ray“ ( на сликите) кој минатата година беше претставен на саемот за автомобили во Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП