3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВлажен и студен бран со дожд и снег на планините

Влажен и студен бран со дожд и снег на планините

Поради влажен и студен воздушен бран уште од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините ќе има врнежи од снег. Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од денешните.

Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната од 1 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд кој повремено ќе преминува во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури во поголемиот дел од земјава под нулата. За време на викендот ќе има услови за појава на дожд претежно на југот од земјата, а минималните температури ќе се околу нулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП