27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорона го "закопа" глобалниот туризам

Корона го “закопа” глобалниот туризам

Поради пандемијата на коронавирус, бројот на туристички патувања во светот ќе се намали за најмалку 20 до 30 проценти, во однос на рекордната 2019 година.

Светската туристичка организација проценува дека и ваквите прогнози треба да се земаат со внимание, имајќи ја во предвид уште неизвесната природа на тековната криза. Минатата година светскиот туризам забележа рекорди, во светот патувале 1,5 милијарди туристи.

Намалувањето на меѓународни туристички пристигнувања од 20 до 30 проценти би значело пад на приходите од туризам за 300 до 450 милијарди долари, што е скоро третина од приходите остварени минатата година.

„Така, коронавирусот би можел да влијае на прометот во светскиот туризам во следните неколку години, посилен од влијанието на економската криза во 2009 година кога е забележан пад од 4 проценти на меѓународните пристигнувања на туристи или епидемијата на САРС кога бил само 0,4 проценти, според Светската организација за туризам.

Експертите потсетуваат и дека токму туризмот е еден од најпогодените сектори поради коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП