12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија останува стабилна

Германската економија останува стабилна

eko2

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s“ го потврди долгорочниот суверен кредитен рејтинг на Германија на ниво ААА, со стабилна прогноза.

Краткорочниот суверен рејтинг на земјата е задржан на ниво А-1+, соопшти денес агенцијата.

Аналитичарите од агенцијата сметаат дека економијата на Германија е развиена, разновидна и конкурентна, а владината фискална политика разумна. Агенцијата прогнозира дека германската економија ќе остане стабилна и дека во среднорочна перспектива ќе постигне умерен раст.

Бруто домашниот производ по жител, според „Standard & Poor’s“, може да достигне до еден процент годишно за периодот од 2013 до 2016 година, без оглед на очекуваното забавување на економскиот раст од 0,4 проценти оваа година.

Германскиот економски модел се карактеризира со високо ниво на извоз, инвестиции, како и економска конкурентност. Меѓутоа, според „Standard & Poor’s“, би можело да дојде до пад на побарувачката за стока од Германија, а тоа би влијаело на намалувањето на трговскиот суфицит. Аналитичарите прогнозираат дека суфицитот ќе биде намален за седум проценти од БДП од 2012 година, на 4,3 проценти во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП