26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската индустрија повторно на нозе - скоро 99 проценти од претпријатија работат

Кинеската индустрија повторно на нозе – скоро 99 проценти од претпријатија работат

Во Кина, најмалку 98,6 проценти од големите индустриски претпријатија кои поради коронавирусот мораа да го прекинат производството, повторно пoчнаа да работат.

Според Министерството за индустрија на Кина, околу 89,9 проценти од работниците се вратиле на своите работни места.

Големи претпријатија во Кина се сметаат оние чиј годишен приход е поголем од 20 милиони јуани (2,84 милиони долари).

Во провинцијата Хубеи, која најмногу настрада од епидемијата COVID-19, индустриското производство е обновено за 95 проценти, објави новинската агенција Xinhua.

Министерството за индустрија соопшти дека 76 проценти од средните и малите бизниси исто така продолжиле со својата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП