Фабриката за автомобили Fiat Chrysler сака да го продолжи производството во три фабрики во Италија веќе од наредната недела ако за тоа добие дозвола од Владата. Претставник на синдикатот на металските работници, Џанлука Фико, како што пренесува Reuters, изјавил дека Fiat ги информирал дека би можеле да започнат со работа веќе од 6 април.
Три се фабриките во Италија кои би можеле да започнат со работа, Мелфи на југот каде се склопува Jeep Compass, Алтеса во централна Италија каде се произведуваат лесни комерцијални возила и фабриката Мирафиори во Торино, каде се работи на нов, електричен модел Fiat 500. Меѓутоа, прашање е дали Fiat од Владата ќе добие дозвола за почеток на производство или, како што многумина веруваат дека е поверојатно во Италија, да биде продолжена забраната на уште најмалку две недели, до 18 април.
Во Италија, се стопирани патувањата во земјата, се запре целото производство освен она кое е важно за функционирање на земјата во време на пандемијата со коронавирус. На списокот на оние кои не работат е и автомобилската индустрија.