27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНобеловец кој точно го предвиде текот на епидемијата во Кина: Наскоро доаѓаат...

Нобеловец кој точно го предвиде текот на епидемијата во Кина: Наскоро доаѓаат добри вести од Италија

Јужноафриканскиот биофизичар, познат научник од Стенфорд и добитник на Нобелова награда, Мајкл Левит го привлече вниманието на пошироката јавност со точното предвидување на сценариото за пандемијата коронавирус во Кина.

Во разговор за China Daily News кон крајот на минатиот месец, тој истакна дека епидемијата во Кина веќе го достигнала својот врв и процени дека ќе бидат заразени околу 80.000 луѓе, додека 3.250 ќе умрат. Неговите предвидувања беа скоро до влакно точни – се гледа еден месец подоцна.

Левит сега тврди дека епидемијата на коронавирусот во Италија и Њујорк, двете најголеми жаришта во светот во кој се наоѓаат 260.000 заразени, се забавува.

– Ситуацијата во градот Њујорк, за кој сите се вознемирени, малку по малку се врти. Клучниот момент помина и камионот наречен COVID-19, кој брзаше кон Њујорк, повеќе не забрзува, туку сопира што значи дека состојбата се подобрува. Наскоро ќе стигнат вести за смирување на состојбата во Италија, исто така и во Швајцарија. Се надеваме, сè уште не сме сигурни, дека и Шпанија се приклучила на избраната група на земји во која ситуацијата се смирува.

За ситуацијата во Велика Британија вели дека сè уште нема доволно информации за да се знае со сигурност во која насока таму оди епидемијата. Со тоа се сложува професорот Нил Фергусон, водечки експерт за епидемија на Imperial College во Лондон и додава дека сè уште не може да се знае во која насока се упатува епидемијата во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП