понеделник, јануари 25, 2021
6 °c
Skopje
1 ° пон
0 ° вто
0 ° сре
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,700.00 -0.09%    GRNT 1,145.00 -0.22%    KMB 7,629.23 -0.53%    MPT 74,277.78 0.38%    STIL 60.00 -7.69%    TEL 319.00 0%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Неизвесноста со коронавирусот продолжува, бројот на заболени расте, а пикот се очекува за еден месец

март 31, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ
A A
Неизвесноста со коронавирусот продолжува, бројот на заболени расте, а пикот се очекува за еден месец
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Вкупно 285 пациенти со коронавирус се дијагностицирани во државава, 12 се излекувани и испишани од болничко лекување, а седум се починати. Коронавирусот не бира повозрасни, млади или деца, здрави или болни. По нешто повеќе од еден месец кога во земјава беше регистриран првиот позитивен случај на коронавирусот, бројот на заболени секојдневно расте. Досега потврдени случаи има во Дебар, Скопје, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Велес, Тетово, Струга, Битола, Струмица, Гевгелија и Крива Паланка.

На Клиниката за инфективни болести има вкупно 47 хоспитализирани со коронавирус од кои тројца се поставени на механичка вентилација на возраст од 50, 63 и 67 години, а на кислородна поддршка се дополнителни девет пациенти, а стабилна е состојбата на пациентите во сите други градови.

– Пикот на коронавирусот во државава го очекуваме за еден месец, на крајот на април. Тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на број на пациенти, но и согласно мерките што беа воведени во изминатиот период, пред се во рестрикциите на движење, во ограничувањето на социјалните контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно што значи дека здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Досега спроведените мерки, потенцира министерот, се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваме да даде резултат.

Граѓаните треба да ги почитуваат мерките за изолација, самоизолација и полицискиот час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во меѓувреме, Владата ги повика граѓаните доколку имаат симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар.

– Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „МојТермин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, пишува во апелот на Владата.

Филипче информираше дека освен досегашните 14 пунктови за тестирање на територијата на целата земја за земање брисеви кои се веќе објавени на сајтот на „МојТермин“, од вчера во функција е и уште пункт за тестирање во Поликлиниката во Чаир, а од утре и пунктот во Поликлиниката Идадија.

Во следните денови во сите други градови освен пунктовите за земање брисеви во центрите за јавно здравје согласно големината на градот, појасни министерот, ќе има уште еден или два пункта во рамките на Здравствениот дом, каде стручни лица, здравствени работници ќе ги земаат материјалите и ќе ги испраќаат на тестирање во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

– Завршена е анализата и посетата на стручната комисија на приватните лаборатории. Со нивното вклучување, согласно договорите што ќе се направат со Фондот за здравствено осигурување, капацитетот значајно ќе се зголеми. Имаме на располагање сосем доволен број на тестови. 20.000 теста како донација веќе се на пат кон нашата земја, освен тестовите со кои што сега во овој момент располагаме и 5.000 тестови донација од една приватна наша лабораторија која што ќе се вклучи во системот на изработка на анализите на брисевите земени од пунктовите ширум државата, истакна министерот Филипче.

Тагови: бројзаболеникоронавирусмесецпикрасте
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Дневен хороскоп 31.03.2020

Следна Објава

Облачно со дожд и температура до 16 степени

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Мукаетов поддржан од сите клубови за нов мандат за претседател на РФМ
СПОРТБИЗ

Мукаетов поддржан од сите клубови за нов мандат за претседател на РФМ

јануари 25, 2021
17

Живко Мукаетов има апсолутна поддршка од сите клубови и ракометни здруженија за нов мандат за претседател на Ракометната федерација на...

Прочитај повеќе
Како Бајден планира да ја спаси американската економија?
ЕКОНОМИЈА

Како Бајден планира да ја спаси американската економија?

јануари 25, 2021
29

Џо Бајден положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите држави напладне на 20-ти јануари. За време на неговата кампања, тој...

Прочитај повеќе
Ново раководство, нови правила: Белата куќа повторно воведува ограничувања за патувања од Европа
СВЕТ

Ново раководство, нови правила: Белата куќа повторно воведува ограничувања за патувања од Европа

јануари 25, 2021
16

Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден планира повторно да воведе ограничувања за патување за повеќето жители што не се...

Прочитај повеќе
И вкусно и корисно: Банана напиток кој го топи салото на стомакот
ДИЕТИ

Даваат енергија, но еве зошто бананите не се добри за појадок

јануари 25, 2021
25

Сите веќе знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, и во брзање честопати јадеме само банана. Мајките на сите...

Прочитај повеќе
Топ 20 најздрави градови во светот
СВЕТ

Топ 20 најздрави градови во светот

јануари 25, 2021
78

Креаторите на страницата money.co.uk имаа за задача да спроведат студија на тема „најздравиот град на светот“. Се разбира, земен е...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мукаетов поддржан од сите клубови за нов мандат за претседател на РФМ

Мукаетов поддржан од сите клубови за нов мандат за претседател на РФМ

јануари 25, 2021
Како Бајден планира да ја спаси американската економија?

Како Бајден планира да ја спаси американската економија?

јануари 25, 2021
Ново раководство, нови правила: Белата куќа повторно воведува ограничувања за патувања од Европа

Ново раководство, нови правила: Белата куќа повторно воведува ограничувања за патувања од Европа

јануари 25, 2021
И вкусно и корисно: Банана напиток кој го топи салото на стомакот

Даваат енергија, но еве зошто бананите не се добри за појадок

јануари 25, 2021
Топ 20 најздрави градови во светот

Топ 20 најздрави градови во светот

јануари 25, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што предвидуваа луѓето пред 100 години, како ќе биде во 2021 година?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Со овие броеви освоил повеќе од милијарда долари на лотарија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Германија прва во ЕУ ќе почне да го користи експерименталниот третман со антитела со кој се излечи Доналд Трамп

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.01.2021

јануари 25, 2021
513
Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021

јануари 25, 2021
614
Следна Објава
Облачно со дожд и температура до 16 степени

Облачно со дожд и температура до 16 степени

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани