23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија"

“ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија”

Европската унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа истакна дека во средиштето на буџетот на Европската Унија за периодот 2021 до 2027 година ќе биде борбата против новиот коронавирус.

За бриселскиот портал Politico изјави дека повеќегодишната финансиска рамка не е единствено средство за помош, но дека е средство за стратешко инвестирање и внатре-европска кохезија која ја прифаќаат сите земји членки на ЕУ.

Politico потсетува дека фон дер Лајн во саботата вечерта објави дека ЕК ќе претстави изменет предлог буџет на ЕУ од 2021 до 2027 година, кој би вкучувал пакет стимуланси.

Според неа, ЕУ многу интензивно ќе им помогне на Шпанија и Италија.

„Во Еврогрупата се разгледува и дискутира за неколку инструменти меѓу кои и обврзниците“, изјави таа, додавајќи дека Европскиот совет доби мандат од министерот за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП