19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА136.000 станови во земјава се под хипотека

136.000 станови во земјава се под хипотека

Во четвртиот квартал лани, од октомври до крај на декември, во земјава имало регистрирано вкупно 1.089.253 станови од кои дури 135.980 биле под хипотека. Што значи дека преку хипотеките на банките е пренесена сопственоста на дури 12,48 проценти од станбениот фонд во земјава. Или банките се „газди“ на секој осми стан во земјава- покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности од Регистарот на цени и закупнини. Споредбата пак за само еден квартал, од трети во четврти покажува дека се регистрирани плус 4.719 станови, а под хипотека се ставени нови 3.453 станови. Или во третиот квартал лани имало вкупно 1,084.534 станови од кои под хипотека биле 132.527 станови или 12,22 проценти.

Ако се споредат податоците со само пред три години, односно со последниот квартал на 2016 година, излегува дека тогаш секој десетти стан бил под хипотека кај банките, за разлика од сега кога секој 8-ми е под хипотека. На крајот на 2016 година имало вкупно 1.033.504 станови во регистарот или 55.749 помалку од крајот на 2019-та година, од кои 102.164 биле под хипотека или за 33.816 помалку од сега, што пак е 9,89 проценти од вкупниот станбен фонд или 2,6 проценти помалку од крајот на 2019 година.

Скопје е рекордер по заложени станови-дури половината од хипотеките се во главниот град. Податоците покажуваат дека на секој петти стан во метрополата „газди“ се банките. Така во катастарот во Скопје во периодот од октомври до крај на декември биле запишани вкупно 319.162 станови, од кои дури 20,8 проценти или 66.599 се под хипотека.

Најдолу на листата, или со најмалку станови под хипотека се Кратово со само 1,36 проценти и Македонски Брод, каде што во банка се заложени 1,79 проценти од станбениот фонд.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП