недела, јануари 17, 2021
-1 °c
Skopje
-5 ° нед
-4 ° пон
-4 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 13,872.12 -0.82%    KMB 7,816.90 -0.12%    MPT 73,000.00 -0.68%    OKTA 3,789.50 -0.14%    SBT 2,890.00 0%    STB 1,149.05 1.69%    STIL 65.00 0%    TEL 317.00 0.57%    TNB 18,734.81 -0.36%    


Почетна ЕКОНОМИЈА

Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките

март 28, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ
A A
Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20:30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ светот, ќе ги исклучи светилките со цел испраќање силна порака за спас на нашата планета.

Од Часот на планетата Земја повикуваат годинава, наместо од улиците, да се обединиме во своите домови и заеднички да покажеме дека сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно.

– Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додека паралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталма основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени, информираат организаторите.

Во својата мисија, како што се наведува во соопштението, Часот на планетата Земја секогаш ја потенцира моќта на луѓето и затоа здравјето и благосостојбата на нивните поддржувачи секогаш биле на првото место.

По тој повод, вечерва и македонските пејачи и инфлуенсери во 20:00 часот преку инстаграм-сесија ќе остварат заедничка онлајн дружба дома, а потоа во 20:30 часот заеднички ќе ги исклучат светилките со цел испраќање силна порака за спас на планетата.

– Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едно и полчасовниот спектакл на нашиот инстаграм-профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите „Некст тајм“, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други, соопштија од иницијативата Часот на планетата Земја и испратија апел до другите естрадни личности да го прифатат овој еколошки предизвик.

Оттаму посочуваат дека сега е време за почитување на правилата и на солидарност. Мора, порачуваат, да си се чуваме едни со други, мора да направиме нашиот глас да биде слушнат за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации.

Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

Тагови: градовидржавиземјапланетасветилкичас
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

Следна Објава

Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!
ЕКОНОМИЈА

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
64
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните
СВЕТ

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
64
Сончево и студено со мала до умерена облачност
МАКЕДОНИЈА

Сончево и студено со мала до умерена облачност

јануари 17, 2021
11
Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП
СПОРТБИЗ

Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

јануари 16, 2021
53
Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали
ТЕХНОЛОГИЈА

Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

јануари 16, 2021
159
Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот најголем пораз
СПОРТБИЗ

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот најголем пораз

јануари 16, 2021
55

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
Сончево и студено со мала до умерена облачност

Сончево и студено со мала до умерена облачност

јануари 17, 2021
Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

јануари 16, 2021
Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

јануари 16, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кои луѓе треба да го избегнуваат лукот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Најдобриот детокс напиток за во зима

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • ДИЕТА: Тридневна диета – како брзо да се ослободите од 3 – 4 кг

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021

јануари 16, 2021
2.5k
Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо
ХОРОСКОП

Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо

јануари 14, 2021
1.5k





Следна Објава
Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица

Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот - бројот надмина 100.000 лица

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани