27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно со дожд, пообилни врнежи во јужните делови

Облачно со дожд, пообилни врнежи во јужните делови

Претежно облачно време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови од земјава.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје слично време со повремен дожд и максимална температура до 11 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Маврово – 17 литри на метар квадратен, а таму утринава и минималната температура се симнала еден степен под нулата. Во останатите градови низ државата минималните температури се над нулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП