24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција не сака компаниите во делумна државна сопственост да исплаќаат дивиденди

Франција не сака компаниите во делумна државна сопственост да исплаќаат дивиденди

Француската влада ќе побара од компаниите во кои државата има удел да не исплаќаат дивиденди, најави денес министерката за труд Муриел Пенисуд, како дел од упатствата за спречување на последиците од епидемијата на коронавирус.

Синдикатите веќе ги повикаа сите француски компании да укинат исплата на дивиденди и наместо тоа да чуваат пари.

Владата денес, преку министерката Пенисуд, сигнализираше дека ги поддржува тие барања со оглед на тешките последици од епидемијата коронавирус во економијата.

„Од компаниите во кои државата има удел, па и малцински, ќе бараме да не исплаќаат дивиденди, барем не поединци“, изјави министерката.

Француската влада има удел во многу компании, вклучувајќи ги и производителот на автомобили Renault и енергетските групации како EDF и Engie, потсетува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП