26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАООН: 25 милиони луѓе би можеле да останат без работа

ООН: 25 милиони луѓе би можеле да останат без работа

Размерите на економската криза која ни претстои може да се видат и сега, на нејзиниот почеток. Кој го следи американскиот пазар на работна сила, може да примети рапиден пораст на невработеноста.

Поточно, минатата недела 3,28 милиони луѓе се пријавиле во бирото за работа. Само две недели пред тоа, Америка имаше рекордна ниска невработеност – во бирото имаше 211.000 луѓе.

Обединетите нации проценуваат дека кризата која настана поради ширењето на коронавирусот, ќе има многу негативни последици по економијата. Според нивните проценки, околу 25 милиони луѓе ширум светот ќе останат без работа.

Од Меѓународната организација на трудот мислат дека таа бројка би можела да биде поголема од 25 милиони. Тие потсетуваат дека кризата од 2008 година ја зголеми глобалната невработеност за 22 милиони луѓе. Но, се очекува оваа рецесија да има многу погубен ефект врз економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП