8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШкода бележи пад на продажбата

Шкода бележи пад на продажбата

13skoda_prodaja0

Глобалната продажба на моделите на Шкода опадна за 6 проценти во првите шест месеци од годината, а како главна причина за тоа се споменува кризата на европскиот пазар и смената на генерацијата на моделот Октавија.

Испораката во текот на јуни беше ослабната на сите клучни пазари на овој чешки производител, вклучувајќи ја и западна Европа каде продажбата е намалена за 5 проценти или на 186.200 автомобили. Во источна Европа продажбата во првата половина од 2013-та ослабна за 0.4 проценти или на 120.200 возила.

Од Шкода соопштија дека очекуваат раст на продажбата во втората половина од годината и тоа благодарејќи на новата Октавија и редизајнираниот Суперб, но предупредија дека суштината на проблемот и натаму е состојбата на европскиот пазар.

„Во втората половина од година очекуваме раст на испорачките. Меѓутоа економските услови, особено на европските пазари и натаму се под знак прашалник“, изјави директорот на Шкода, Винфрид Валанд.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП