среда, јануари 27, 2021
1 °c
Skopje
0 ° сре
0 ° чет
5 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,683.93 0.43%    BESK 6,100.00 0%    GRNT 1,169.58 0.05%    KMB 7,639.98 0.2%    OILK 6,000.00 0%    SBT 2,850.00 -1.66%    STB 1,171.75 0.14%    STIL 60.00 -1.51%    TEL 328.00 2.19%    TETE 1,900.00 0%    TNB 18,533.33 -1.42%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

март 27, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ, СВЕТ
A A
Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од болница, откриле лекарите во Вухан, објави „Саут Чајна морнинг пост“.

Истражувачите ширум светот се обидуваат да утврдат дали закрепнатите пациенти сè уште можат да заразат други луѓе со коронавирус и дали имаат развиено антитела кои им нудат имунитет на болеста.

Лекарите од болницата „Тонџи“ во Вухан, каде лани во декември првпат се појави вирусот, за телевизијата CCTV изјавиле дека не пронашле докази дека пациентите кои повторно биле позитивни на вирусот станале заразни, а тоа го утврдиле врз основа на набљудувања на членовите на нивните семејства и лабораториските тестови.

И покрај релативно малиот процент, истражувањето на болницата „Тонџи“ е особено важно бидејќи Кина сега има далеку повеќе закрепнети пациенти отколку нови потврдени случаи.

Во Кина се излекувани над 90% од заразените пациенти, а околу 4.300 сè уште се на лекување во болниците. Вкупната бројка на заболени е 81.340, а бројот на смртни случаи 3.292, но повеќето од новите случаи се увезени.

Ванг Веи, претседател на болницата „Тонџи“, изјави за CCTV дека од 147 излекувани пациенти што ги проучувале, само пет – или нешто повеќе од 3 проценти – биле повторно позитивни.

Во меѓувреме, магазинот за здравје „Лајф тајмс“, оваа недела објави дека карантинските установи во Вухан објавиле дека околу 5 до 10 проценти од нивните излекувани пациенти биле позитивни откако повторно се тестирале.

Овие податоци отворија прашања за тоа дали тестовите со нуклеинска киселина може да не се точни во откривање траги од вирусот кај некои од закрепнатите пациенти.

Ванг за CCTV изјави дека петте пациенти од неговата болница кои повторно биле позитивни немале никакви симптоми, а ниту еден од членовите на нивните семејства или луѓе со кои имале близок контакт не е заразен.

Тој рече дека нема докази дека излекуваните пациенти кои повторно се позитивни ќе бидат заразни за другите.

„Досега нема докази кои индицираат дека тие се заразни“, рече Ванг, додавајќи дека надзорот над други пациенти покажал дека околу 80 до 90 проценти од нив немаат никаква трага на коронавирусот во нивната крв еден месец откако биле отпуштени од болниците.

Анализата на друга група од 15 пациенти од болницата, исто така, потврди сличен тренд, при што никој не ги заразил членовите на нивните семејства.

„Овие се само мали примероци и не се доволни за да нè уверат во валидноста на нашите први наоди“, рече Ванг. „Ни треба голема епидемиолошка студија“, додаде тој.

Сепак, тој рече дека е важно излекуваните пациенти да останат во изолација две недели по отпуштањето од болница за да можат повторно да бидат тестирани за потврда.

Тагови: болницавирусвуханиспитувањепозитивнитестови
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

„Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

Следна Објава

Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход од вршење самостојна дејност

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Новиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје
ЕКОНОМИЈА

Новиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

јануари 27, 2021
69

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија...

Прочитај повеќе
Нови 394 заразени со Ковид-19, починаа девет лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 394 заразени со Ковид-19, починаа девет лица

јануари 27, 2021
72

Нови 394 случаи на Ковид-19 од направени 2236 тестирања биле регистрирани во текот на вчерашниот ден. Истовремено, регистрирани се 387...

Прочитај повеќе
Како САД достигнаа бројка од 20 милиони милионери? -„Вредни и обични луѓе“
ЕКОНОМИЈА

Како САД достигнаа бројка од 20 милиони милионери? -„Вредни и обични луѓе“

јануари 27, 2021
47

Милионерите можеби не се толку необични како што многумина мислат. Според истражувањето на „Credit Suisse“ за 2020 година, во САД...

Прочитај повеќе
Во функција Национален регистар на вистински сопственици
ЕКОНОМИЈА

Во функција Национален регистар на вистински сопственици

јануари 27, 2021
30

Национален регистар на вистински сопственици е во функција од денеска, со што и Централниот регистар се вклучува во борбата против...

Прочитај повеќе
Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)
ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)

јануари 27, 2021
443

Несреќниот млад човек се обиде да забрза, но мечката продолжи да трча по него. Минатиот викенд, многу љубители на скијањето...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Новиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

јануари 27, 2021
Нови 394 заразени со Ковид-19, починаа девет лица

Нови 394 заразени со Ковид-19, починаа девет лица

јануари 27, 2021
Како САД достигнаа бројка од 20 милиони милионери? -„Вредни и обични луѓе“

Како САД достигнаа бројка од 20 милиони милионери? -„Вредни и обични луѓе“

јануари 27, 2021
Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Во функција Национален регистар на вистински сопственици

јануари 27, 2021
Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)

Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)

јануари 27, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од 1ви февруари укинати царини за кожа, текстил, механички уреди, генератори, трансформатори

    Од 1ви февруари укинати царини за кожа, текстил, механички уреди, генератори, трансформатори

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Откриено колку чини замена на батеријата на Tesla Model 3: Врзете се, од цифрата може да ви се заврти во глава

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • 28.573 граѓани чуваат 2,2 милијарди евра во банка – на книшки „потешки“ од 30.000 евра

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Построги правила за влез во Германија: Северна Македонија во категоријата земји со голема инциденца

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 27.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 27.01.2021

јануари 27, 2021
1.2k
Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021

јануари 25, 2021
3.3k
Следна Објава
Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход од вршење самостојна дејност

Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход од вршење самостојна дејност

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани