26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНово превземање на македонскиот пазар: Seavus групацијата го купи едукативниот ИТ центар...

Ново превземање на македонскиот пазар: Seavus групацијата го купи едукативниот ИТ центар Александрија

seavus

Официјално, Seavus групацијата ја превзема Александрија, најстариот домашен специјализиран центар за едукација и дообразба во ИТ секторот. Seavus едукативниот и развоен центар, како дел од Seavus групацијата, во целост ги превзема портфолиото, кадрите и програмата на Александрија согласно договорот склучен на 11.07.2013.

Seavus едукативниот и развоен центар е присутен на пазарот повеќе од 3 години и веќе стана препознатлив како креатор на најсовремени програми и иновативна методологија за едукација на ИТ кадри барани од страна на индустријата. Александрија пак веќе 20 години оперира на македонскиот пазар развивајќи генерации на инжинери преку специјализирани обуки и курсеви од областа на информатиката и мрежните техологии.

Ваквото спојување на ресурсите, знаењето и енергијата ќе резултира во завземање на  лидерска позиција од страна на Seavus едукативен и развоен центар на  македонскиот пазар за специјализирана ИТ едукација.

Двете компании на оваа голема промена гледаат како на здрав и силен чекор кон понатамошен напредок на македонскиот ИТ пазар кој ќе помогне во креирање и оддржување на стандарди и кадри на ниво на светските во оваа област. Ова превземање е еден од неколкуте случаи на превземање на домашна компанија од друга домашна. Планот за реализација на превземањето опфаќа и амбициозна стратегија за долгорочен раст и развој земајќи ги предвид 20 годишното искуство и стекнатото портфолио на Александрија од една страна и докажано успешниот современ и проактивен систем на работа на Seavus групацијата и фирмата-ќерка Seavus  едукативен и развоен центар. Превземањето ќе овозможи проширување на досегашниот пакет на курсеви и специјализирани академии, а со тоа и приближување на нови методологии на изучување, до сега неприменувани на македонскиот пазар.

Александрија е основана 1993 година и е првата приватна едукативна институција за специјализирани ИТ обуки.

Seavus e најголемата ИТ и софтверска компанија која од 1999 година успешно работи на македонскиот и на светскиот пазар. Во рамки на корпорацијата во 2010 година е основан и Seavus едукативниот и развоен центар познат како водечки едукативен и тренинг центар во Македонија и регионот специјализиран за IT и бизнис обуки опремен со најсовремена технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП