28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуризмот во Кина полека се опоравува

Туризмот во Кина полека се опоравува

Пандемијата COVID-19 силно удри на хотелскиот сектор, што прво беше видливо во драстичниот пад на пополнетоста на хотелите кон крајот на јануари оваа година. Додека на почетокот на годината, просечната пополнетост изнесувала над 60 проценти, со самата објава за појавата на епидемијата од коронавирусот, за само неколку дена ја намали просечната пополнетост на хотелите во Кина на нешто над 10 проценти.

Од средината на февруари, полека се подобрува ситуацијата со коронавирусот, а таа пополнетост полека почнала да расте за до средината на овој месец хотелските капацитети во Кина да достигнат просечна пополнетост над 20 проценти. Слични податоци објави и Fosun Tourism, кој управува со ланец хотелско одморалиште во Кина, а и нивната пополнетост од 10 проценти на крајот на јануари достигна речиси 20 проценти.

Овој тренд може да се спореди со времето на епидемијата SARS од 2003 година, кога просечната пополнетост на хотелите ширум Кина паднаа од просечните 70 проценти на само 15 проценти. На закрепнувањето на хотелскиот сектор од тие 15 проценти до просечните вредности од пред избувнувањето на епидемијата тогаш се чекаше околу три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП