26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција го ограничува извозот на медицинска опрема

Турција го ограничува извозот на медицинска опрема

Турската министерка за трговија, Рухсар Пекчан, изјави дека Анкара ќе го ограничи извозот на медицинска опрема за да ги задоволи домашните потреби.

Пекчан објави на Твитер дека за извоз на опрема вклучувајќи респиратори, уреди за интубација и монитори за интензивна нега, ќе се бара одобрување од турската влада.

Оваа мерка, изјави таа, има за цел да обезбеди да „не дојде до недостаток на здравствени услуги и дека постојниот капацитет е ефикасно искористен“.

Во Турција досега се пријавени 59 смртни случаи од COVID-19, а најмалку 2.433 се заразени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП