25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Канада бензинот е поевтин од литар вода

Во Канада бензинот е поевтин од литар вода

Во Канада засега нема никакви недостатоци, освен тоалетна хартија, a цената на бензинот е пониска од цената на литар вода.

Професор д-р Борис Сакиќ, професор на универзитетот Мек Мастер, вели дека ситуацијата во Канада е стабилна и дека смртноста е околу еден процент.

„Во моментов има околу 3.400 пациенти и 31 починати лица. Преземени се владини мерки за затворање на сите бизниси кои не се основни за живот, но се отворени продавниците за храна и лекови, банки и медиуми“, вели Сакиќ.

Кога станува збор за цената на основните животни намирници, Сакиќ наведува дека не се променети, но дека цената на бензинот е помала од цената на литар вода.

„Нема недостатоци, освен тоалетна хартија“, вели професорот на Универзитетот Мек Мастер.

„Предавањата се откажани и граѓаните се придржуваат кон советите, има помалку луѓе по рестораните кои сè уште работат, паркови, нема забрана за движење, но тие се подготвуваат да ги затворат парковите“, наведува Сакиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП