19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстражувачи од белгиски универзитет најавија студија за психолошките ефекти од изолацијата

Истражувачи од белгиски универзитет најавија студија за психолошките ефекти од изолацијата

Истражувачи од реномираниот белгиски универзитет во Левен започнуваат студија во три европски земји, Белгија, Франција и Холандија за негативните психолошки ефекти од изолацијата, како мерка за заштита од ширење на коронавирусот.

Според Associated Press, тие сакаат да утврдат на кој начин пандемијата коронавирус го сменила начинот на живот на луѓето и да го анализираат нивното ментално здравје.

Стравувајќи од пораст на бројот на самоубиства, социологот за здравство Венсан Лувен изјави дека владите обично предвидуваат несакани ефекти на карантинските мерки насочени кон сузбивање на ширењето на смртоносниот вирус.

– Владите во моментов ја вложуваат својата енергија за контрола на епидемијата, што за резултат има фактот дека останатите ризици се заборавени – изјави Лувен, инсистирајќи на тоа дека голем дел од населението има кревок психолошки склоп и дека на тие луѓе им е потребна здравствена заштита.

Тој посочува дека ситуацијата во врска со менталното здравје може да се влоши, а студијата во форма на анкета ќе ја спроведе Универзитетот во Левен во соработка со единствениот француски институт специјализиран за здравствена економија и Универзитетот во Антверпен, објави AP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП