18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи го продлжија растот денес

Европските берзи го продлжија растот денес

Европските пазари на капитал денес продолжија да бележат добивки, охрабрени од веста дека властите во САД одобрија финансиска инекција од два трилиони долари.

Паневропскиот индекс STOXX 600 порасна за 2,1 процент на отварањето на тргувањето во 8:04 часот по GMT, при што со добивки водea акциите на компаниите од енергетскиот, индустрискиот, финансискиот и рударскиот сектор, објави Reuters.

Според податоците на Business Insider, кој го следи движењето на цените на акциите во реално време, индексот на лондонската берза FTSE 100 се зголеми за скоро два проценти на почетокот на тргувањето, германскиот DAX порасна за околу три проценти, додека францускиот CAC 40 скокна за приближно 5,0 проценти.

Ваквиот раст претставува продолжување на вчерашниот силен налет на европските берзи.

Имено, во вторникот британската берза зајакна за над 9,0 проценти, германската за скоро 11 проценти, а француската за околу пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП