20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомпео: Кина сè уште прикрива информации за коронавирусот

Помпео: Кина сè уште прикрива информации за коронавирусот

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео остро го критикуваше кинеското постапување за ширењето на заразата коронавирус, велејќи дека нивната владејачка Комунистичка партија сè уште крие податоци потребни за спречување на понатамошни случаи.

Во интервју за радио станицата Washington Watch, Помпео ги повтори претходните обвинувања дека кинеското доцнење во информирањето за вирусот ги загрози луѓето ширум светот и изјави дека “навистина доведува до опасност илјадници животи”.

„Загрижен сум што со ова прикривање, со овие дезинформации, кинеската комунистичка партија и понатаму продолжува да му ги ускратува на светот потребните информации за да спречиме понатамошни случаи или нешто слично да се случи повторно“, додаде тој.

Помпео, исто така, ги обвини Иран и Русија за кампањите на дезинформации за вирусот.

„Кампањата на дезинформации на Русија и Иран, како и на Кина продолжува“, изјави тој.

„Говорат дека тоа стигнало од американската војска и велат дека можеби е започнато во Италија, за да ја одвратат одговорноста“.

И покрај острите критики упатени кон Кина, Помпео се воздржа од нарекување на вирусот “кинески вирус” или “вирус Вухан”, етикети кои го налутија Пекинг и кои тој постојано ги користеше.

„Ќе дојде време за обвинувања“, изјави тој, но додаде дека е важно светот сега да знае за што всушност станува збор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП