28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронавирусот ќе ги чини авиокомпаниите 252 милијарди долари

Коронавирусот ќе ги чини авиокомпаниите 252 милијарди долари

Авиокомпаниите во светот оваа година ќе изгубат 252 милијарди долари поради коронавирусот, процени денес нивното здружение IATA.

„Кризата која ја тресе нашата индустрија е најголема досега“, изјави генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, Александре де Жуниак на телефонската конфернција.

Тој ги повика владите да помогнат: „Потребен ни е пакет итни мерки… и очајно ни треба готовина“, додаде тој.

Кризата погоди 98 проценти од патничкиот сообраќај во светот – податокот е на здружението IATA кој прецизира дека просечна авиокомпанија има пари за само два месеци.

Авиокомпаниите поради пандемијата коронавирус практично ги прекинаа летовите, а уште минатата недела побараа помош од 200 милијарди долари.

IATA опфаќа 290 компании кои сочинуваат 82 проценти од светскиот воздушен сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП