Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,704.50 7%    BESK 5,643.00 10%    GRNT 790.86 6.03%    KMB 6,027.13 7.4%    MPT 50,496.41 8.52%    MTUR 4,400.00 10%    OKTA 3,000.00 0.99%    STB 885.95 6.61%    TNB 13,878.00 10%    TTK 1,166.00 10%    UNI 1,885.00 5.78%    ZUMS 1,000.00 0%    

Досега 148 заразени од коронавирус во земјава

Време: 07:55

Датум: март 25, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Во земјава бројот на заразени од коронавирусот вчера порасна за 12, а со тоа вкупниот број на заболени со овој вирус моментално изнесува 148. Од новите заразени, седум се во Скопје, а пет во Куманово. Најмладиот пациент заболен од вирусот Ковид-19 во земјава е двегодишно дете од Скопје, а позитивни на овој вирус се и неговите родители, но сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (88), Дебар (40) – од кои еден починат, Куманово (осум) – од кои еден починат, Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).

На Инфективната клиника се хоспитализирани 29 пациенти кои се лекуваат стационарно, од кои во тешка општа состојба на респираторна машина е една пациентка, кај која во последните денови нема промена, шест се со потешка слика, но респираторно се самостојни. Амбулантски, како што информираше на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, се прегледани седум пациенти и земен е еден брис. Тројца пациенти имаат хоспитален третман, а тројца се на домашно лекување.

Од вчера Институтот за јавно здравје спроведува тестирање на сите лица кои беа во врска со директорката на Кожната клиника. Се работи за голема бројка, тие се се уште во изолација и за да нема оптоварување во лабораторијата, Филипче рече дека ќе се тестираат во неколку циклуси.

Од денеска е целосно укинат меѓуградскиот и градскиот превоз во Општина Куманово, а Владата од вчерашната седница даде препорака да се затворат сите продавници во полуотворените трговски центри кои не се молови.

Според министерот, со овие мерки, односно со дополнително укинување на врските во Куманово со другите општини има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на коронавирусот.

Владата донесе и одлука со која Институтот за јавно здравје се задолжува за поинтензивна работа во целиот кумановски регион со оглед на тоа што од таму е една од починатите од коронавирусот и неколкумина заболени.

Кај заболените од коронавирусот од денеска ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот хидроклор и азитромицин што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Таа комбинација, како што информираше Филипче, е одобрена на вчерашниот состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД, а ќе биде аплицирана и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекар.

Во однос на тестовите за вирусот Ковид-19, Филипче информира дека сите се унифицирани, имаат исклучително висока сензитивност, но за жал ниту еден тест не е 100 проценти точен. Тестовите што се користат кај нас се германски и има протокол кој мора да го задоволи тестот за да се користи во лабораторија за вакви цели, а починатата пацинетка од Куманово, спаѓа во тој исклучително мал процент на случаи во кои тестот не го детектира вирусот. Тој дополни дека постојат и тестови што ги анализират антителата, односно не го детектираат вирусот, туку утврдуваат дали некој го прележал.

За функционирањето на системот преку „Мој термин“, како што информираше Филипче, без закажување нема да може да се оди на пунктовите за тестирање, туку тоа ќе се прави со закажување преку матичните доктори.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за моделирање на начинот на движење за време на викендот.

Веќе четврти ден во земјава се спроведува и полицискиот час. За сите граѓани е забрането движењето од 21 до 5 часот, а лицата лица постари од 67 години не смеат да излегуваат од дома од 11 часот претпладне до 5 часот наутро, додека младите до 18 години од 21 часот до 12 напладне.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Корона го “закопа”  глобалниот туризам

    Корона го “закопа” глобалниот туризам

    Поради пандемијата на коронавирус, бројот на туристички патувања во светот ќе се намали за најмалку 20 до 30 проценти, во однос на рекордната 2019 година.…

  • Кинеската индустрија повторно на нозе – скоро 99 проценти од претпријатија работат

    Кинеската индустрија повторно на нозе – скоро 99 проценти од претпријатија работат

    Во Кина, најмалку 98,6 проценти од големите индустриски претпријатија кои поради коронавирусот мораа да го прекинат производството, повторно пoчнаа да работат. Според Министерството за индустрија…

  • 44 новозаразени од коронавирус, двајца починати, вкупно 329 заболени

    44 новозаразени од коронавирус, двајца починати, вкупно 329 заболени

    Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од…

  • Кога ќе порасне побарувачката за нафта?

    Кога ќе порасне побарувачката за нафта?

    Зголемување на побарувачката за нафта може да се очекува уште кон крајот на април, кога дел од ограничувањето поради коронавирусот ќе биде укинато. Сепак, не…

  • Становите поевтиниле за 4,3 отсто во втората половина од минатата година

    Становите поевтиниле за 4,3 отсто во втората половина од минатата година

    Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинела за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во…

  • Јужна Кореја на граѓаните ќе им исплаќа помош, но не и на најбогатите

    Јужна Кореја на граѓаните ќе им исплаќа помош, но не и на најбогатите

    Јужна Кореја на своите граѓани ќе им обезбеди финансиска помош со итни готовински исплати, објави Reuters. Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин изјавил дека државата ќе…

  • Последна порака на принцот Хари и Меган како членови ка кралското семејство

    Последна порака на принцот Хари и Меган како членови ка кралското семејство

    Принцот Хари и неговата сопруга Меган ја објавија својата последна порака како членови на британското кралско семејство, а својата кариера ја продолжуваат без титулите „ваше…

  • Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

    Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

    Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата со коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според проценката на Федералните резерви. Според…

  • Трамп и Путин разговарале по телефон

    Трамп и Путин разговарале по телефон

    Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин за време на телефонскиот разговор оцениле дека е важно да се стабилизираат глобалните пазари…

  • Светската банка ги повикува Г20 да не воведуваат ограничувања на извозот

    Светската банка ги повикува Г20 да не воведуваат ограничувања на извозот

    Светската банка ги повикува земјите членки на Групата 20 да не воведуваат нови ограничувања на извозот на медицински средства, храна и производи клучни за борбата…