27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цените на златото и среброто, а особено на паладиумот

Раст на цените на златото и среброто, а особено на паладиумот

Цената на златото порасна на берзите за 7,2 проценти и достигна 1.679,7 долари за унца.

И среброто исто така поскапува. Вредноста на овој метал порасна за 6,8 проценти и достигна 14,6 долари за унца.

Меѓутоа, најголема побарувачка е за паладиум – цената порасна за дури 20 проценти и достигна 1869,9 долари.

Веќе некое време е забележителен раст на цената на скапоцените метали. Како расте стравот од зарази со коронавирусот, така расте и цената на златото, која на почетокот на месецот достигна и 1.700 долари за унца за прв пат од крајот на 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП