16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАThe Guardian: Јапонски лек кој се користи во лечење на грип е...

The Guardian: Јапонски лек кој се користи во лечење на грип е “очигледно ефикасен” и против коронавирусот

Кинезите ги пофалија Јапонците, веќе спровеле студии.

Медицинските работници во Кина ги пофалија Јапонците кои почнале да го користат новиот лек за лекување на болеста предизвикана од коронавирус Covid-19.

Жанг Шинмин, од Министерството за наука и технологија, изјавил дека “фавипиравир”, кој го развила јапонската лабораторија на компанијата Fujifilm, има позитивни резултати во клиничките тестирања во Вухан и Шенжен на над 340 пациенти.

„Има високо ниво на безбедност и очигледно е многу ефикасен во борбата против коронавирусот“, изјави Жанг за кинеските медиуми.

Пациентите кои го добиле овој лек биле негативни на коронавирусот по само четири дена, многу побрзо во однос на 11-те дена колку што во просек е потребно за некој од лекување да биде негативен на вирусот.

Покрај тоа, снимките на белите дробови, исто така, покажале подобрување по конзумирање на овој нов лек и тоа за дури 91 проценти, додека оние кои преку природен пат оздравеле во просек имале 62 проценти подобри наоди на снимката на белите дробови, објави The Guardian.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП