27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на превезени патници на македонските аеродроми

Зголемен бројот на превезени патници на македонските аеродроми

skopjanka-napadnala-policiski-sluzhbenici-na-aerodromot-aleksandar-veliki-118337

Бројот на превезени патници на аеродромите во Република Македонија во првите шест месеци од годинава е поголем во однос на истиот период лани.

– На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во првите шест месеци од 2013 година регистрирани се 443.601 патници на терминалот, што претставува 18,7 отсто повеќе од минатата година, кога биле регистрирани 373.692 патници.

На овој аеродром е зголемен и бројот на движења на воздухоплови за 8,7 отсто, а забележано е и зголемување на обемот на карго и поштенски сообраќај за 12,7 проценти во однос на истиот период од минатата година, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Најголем дел од патниците на аеродромот „Александар Велики“ 19,2 отсто патувале до Истанбул, 10,6 до Цирих, 10,4 до Виена, 6,5 до Лондон, 5,6 проценти до Љубљана, 5,1 до Базел, 5 отсто до Загреб, а помалку од 5 отсто до дестинациите Малме, Белград, Дортмунд, Минхен, Ајндховен, Дизелдорф, Милано, Дубаи и други.

Во првите шест месеци од годинава забележан е раст и на бројот на патници на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде имало 25.405 патници на терминалот, што претставува 5,4 отсто повеќе од 24.114-те патници кои биле регистрирани во истиот временски интервал минатата година.

На овој аеродром, забележан е пораст и во бројот на движења на воздухоплови за 8,9 отсто, како и зголемување на обемот на карго и поштенски сообраќај за
72,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП