18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ќе ги преземе фабриките за заштитни маски кои ја складираат стоката...

Турција ќе ги преземе фабриките за заштитни маски кои ја складираат стоката за време на криза

Турските власти извршиле рација во фабрики на индивидуални производители на заштитни маски, обвинувајќи ги дека ги чуваат поради остварување профит за време на пандемијата коронавирус, а сега им се закануваат со преземање, односно национализација на компанијата, објави турскиот портал Ahval.

„Нема да кажам кој, но некои производители на маски ги земале и ги однеле во магацини… Вчера наутро во осум часот, истовремено извршивме рација кај сите производители во Турција“, изјави министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

Тој изјави дека производителите се поканети да склучат договор со Министерството за здравство и да произведуваат маски по фер цени, и дека во спротивно нивните фабрики ќе ги преземе државата, објави новинската агенција Anadolu.

„Повторно ги повикавме производителите на маски на договор со Министерството за здравство. Имаат уште 10-12 часа, во спротивно ќе ги преземеме фабриките. Имаме такво овластување и од тоа не се откажуваме“, изјави Сојлу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП